Индија ги забрани електронските цигари

- Advertisement -

Индиската влада го забранува производството, продажбата и увозот на електронски цигари со објасненување дека тој начин на консумација на производи од тутун е опасен по здравјето, особено за младите луѓе.
„За жал, електронските цигари на почетокот се промовираа како добар начин на пушење. Владата сега одлучи дека дојде време да се преземат потребните мерки  за да се избегне ризикот по здравјето на нашите граѓани“, изјави индиската министерка за финансии, Нирмала Ситараман.
Ситараман објасни дека индиските власти се загрижени поради информациите за смрт на седум луѓе од болести на белите дробови поврзани со користењето електронски цигари. Министерката најави дека во наредните неколку дена ќе биде донесен итен правилник со кој ќе се забрани употребата на електронските системи за консумација на никотин. (ENDS).
Потоа уредбата на следното заседание ќе ја одобри Парламентот и ќе ја претвори во закон. Забраната ќе се однесува на производството, увозот, извозот, транспортот, продажбата, дистрибуцијата, складиштењето и огласувањето на електронските цигари, се наведува во соопштението.
Луѓето кои по прв пат ќе го прекршат новиот закон ги чека затворска казна до една година, парична казна од околу 1.400 долари или и двете. За наредното прекршување казната може да биде и до пет години затвор и парична казна од околу 7.000 долари.
Во Индија има вкупно 106 милиони возрасни пушачи.

Сподели!
- Advertisement -