Сингапур ќе го чистат 300 роботи кои знаат да пеат и да раскажуваат вицови

- Advertisement -

Компанијата за производство на роботи LionsBot од Сингапур склучи договор за изнајмување на своите LeoBot роботи на шест локални компании кои се занимаваат со чистење на градските површини. Според тој договор, LionsBot на компаниите ќе им изнајми флота од дури 300 роботи, кои се обучени за чистење подови.
Покрај тоа, роботите, како што тврдат од компанијата, се многу интересни за јавноста затоа што се духовити и интерактивни, па меѓу другото, луѓето можат да ги забавуваат со раскажување вицови. На роботите може и да им се поставуваат прашања откако ќе го скенирате QR кодот  на нив. Тие зборуваат ет јазици, односно англиски, мандарински кинески, мајалски, тамилски и јапонски. Покрај тоа, знаат и да пеат, па дури и да рапуваат.
Овие не се првите роботи за чистење на LionsBot. Тие во своето портфолио имаат дури 13 различни типови, кои можат да вршат различни задачи како чистење со правосмукалка, перење, рибање, бришење и поместување до 450 кг опрема за чистење. Роботите кои ги развил тим составен од 30 инженери LionsBot ги изнајмува по цена од 1.350 до 2.150 долари месечно.

Сподели!
- Advertisement -