Здружението на развој на земјоделството, заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитетот „Живот“ и Меѓународниот саем на органска и традиционална храна „Органска трпеза“ Куманово, доделија признание на Марија Георгиевска, уредник и водител на економската емисија ПРОФИТ,на Наша ТВ,за континуираната медиумска поддршка на македонското органско производство.
Признание е доделено во рамките на манифестацијата „ОРГАНСКА ТРПЕЗА“ во Куманово, со поддршка на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост „IME“, имплементирана од страна на „Паладиум“, Швајцарската амбасада, локалната самоуправа идр.
„Медиумите имаат значајна улога во процесот на информирање на потрошувачите за вредноста на македонското органско производство.Големиот потенцијал кој што го има македонското земјоделство, за квалитетни органски производи, треба да биде мотив за сите, да се поддржат производителите, преку купување на нивните органски производи, со што ќе дадеме придонес за да можат да се развиваат.Како уредник и водител на емисијата ПРОФИТ, континуирано работам на теми, со кои ги промовираме успешните компании, производители, со што сакам да влијаеме на свеста на потрошувачите, да ги ценат и купуваат“, вели Георгиевска.
Радува фактот што расте бројот на органски производители, што потврдува дека производителите се повеќе се охрабруваат да започнат производство и да инвестираат.
Според зборовите на Георгиевска, како дел од поддршката се и манифестациите и саемите, како што беше и овогодинешната „Органска трпеза“.На манифестацијата се потврди заложбата на сите производители, да се зголеми интересот на граѓаните за купување на органските производи и да добијат поголема институционална поддршка, за да можат да инвестираат во поголем развој, за што ваквите манифестации даваат огромен придонес. Тие се добар изложбен простор, што претставува можност да се видат органски производи, на едно место да се соберат производителите и на органски производи и на традиционалната храна, да разменат искуства, со цел да се развиваат подобро.Особено, да разменуваат странски искуства и да работат здружено, а таква можност имаа на овој саем каде беа присутни производители, компании, земјоделци од Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска и Словенија.
ТВ водителката Марија Георгиевска со признание за медиумска поддршка на македонските органски производители
- Advertisement -
- Advertisement -