17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Викендов ќе се одржи „InsurHak Skopje“, хакатон за осигурителната индустрија. Пријавувањето е во тек

Kabtel desktop

Агенцијата за супервизија на осигурување  и и Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора на 28-ми и 29 ти септември во просториите на Стопанска Комора на Македонија во Скопје ќе се одржи „InsurHak Skopje“ , хакатон посветен на осигурителната индустрија. Целта на истиот е запознавање на студентите со осигурителната индустрија и развој на креативни решенија за унапредување на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување. За време на дво-дневниот настан студентите ќе изработат прототип софтверски решенија на однапред зададени теми. Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со искуство кое ќе им служи како катализатор за нивните кариери.
Хакатонот ќе има натпреварувачки карактер и за најдобрите тимови покрај парични награди ќе им се овозможи да се појават на Startup Pitch Session во рамките на Insurtech Skopje, настан кој ќе следи во неделата после хакатонот.
На 2-ри и 3-ти октомври во Скопје, ќе се одржи „Insurtech Skopje“ во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување, Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора и Fintechguardian. На настанот предвидена е Start up Pitch Session (претприемачи и start up компании од земјата и странство ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија), како и Insurtech конференција со учество на реномирани говорници  и компании од странство, на полето  на insurtech.
Pitch Session ќе има натпреварувачки карактер на стартапи со пригодни награди за најуспешните и можност за нивна промоција пред претставниците на осигурителната индустрија.
Овој настан е целосно посветен на иднината на осигурителната индустрија и е единствен настан во балканскиот регион кој е посветен на Insurtech. Посетителите на настанот ќе имаат можност да комуницираат со истакнати експерти од областа, со што Insurtech Skopje се претвора во една платформа за размена на мислења и интеракција помеѓу посетителите.
Целта на Insurtech Skopje е да ги спои на едно место, регулаторите на осигурување, субјектите на пазарот на осигурување и инвеститорите, за да дискутираат за предизвиците со кои ќе се соочува осигурителната индустрија во однос на нејзината дигитализација и какво влијание има врз сите засегнати страни.

Кој може да учествува?
Само студентите кои посетуваат додипломски и постдиполмски студии може да учествуваат на InsurHack. Tимовите треба да се максимум по 4 луѓе. Целта на овoј хакатон е студентите да се здобијат со искуство  кое понатаму ќе му служи како катализатор за нивниот понатамошен кариерен развој.
Зошто студентите да се пријават на InsurHack и што ќе добијат од  InsurHack

  • работа со ментори и експерти од осигурителниот сектор
  • можност за да научите да ја презентирате вашата иновативна идеја
  • креирате решениjа на реален проблем
  • сте дел од иновативна заедница и поминете продуктивен викенд
  • добиете признание во склоп на осигурителниот сеkтор
  • добиете награда
  • го направете првиот кариерен професионален чекор
Kaко да се пријават?
  1. креирајте тим (еден член кој е software developer, designer и добар презентер)
  2. Прочитајте ги условите за учество
  3.  Пополнете го формуларот  

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •