Топ апликации кои ќе го решат проблемот со зависноста од мобилните телефони

- Advertisement -

Смартфоните веќе долго време се наше секојдневие, но кај одредени корисници може да се појави и зависност од тие уреди. Ако имате проблем да се одделите од својот мобилен телефон за да се посветите на други работи, тогаш ви нудиме неколку совети како да го направите тоа и да ги промените навиките на користење на телефонот.
Постојат повеќе апликации кои потенцијално можат да ви помогнат да го намалите користењето на телефонот на ниво кое е прифатливо за вас и за вашата околина затоа што реално, никој не сака да седне со некој пријател на кафе и тој пријател цело време да гледа во телефон наместо да разговара.
Еве неколку предлози кои се вистинско решение за зависниците од мобилен телефон.
Flipd

Ова е потенцијално добра апликација ако сакате телефонот да не ви пречи додека работите, додека сте со семејството, со пријателите или некаде во природа. Имено, апликацијата ви дозволува да ги изберете апликациите кои не сакате да ви пречат во одредени претходно наведени услови. Бесплатната верзија дозволува блокирање на апликациите на половина час, а за неограничено блокирање ќе мора да ја купите целосната верзија.
Forest

Ова е апликација со која можете да одгледувате дигитална шума, а трикот е во тоа што шумата нема да почне да расте додека не го оставите мобилниот телефон. Наградата за воздржувањето од користење на паметниот телефон е голема, зелена шума. Како бонус, можете сами себеси да си задавате цели како колку време да бидете одвоени од телефонот. Се друго апликацијата ќе направи сама. За корисниците на iPhone апликацијата чини два долари, а на Play Store доаѓа со многубројни досадни огласи, но можете да купите дополнителни опции.
Space

Оваа апликација користи повеќе научен пристап кон вашиот проблем. Имено, ви дава совети за менување на навиките за користење на мобилниот телефон, кои се базирани на вистински истражувања. Апликацијата ќе се обиде да сфати зошто поминувате многу време на телефоно, дали ви е досадно, дали работите нешто итн. Постои и Focus Time начин на работа, кој ги блокира известувањата од другите апликации, а можете да го стопирате кога сакате.
Freedom
Оваа апликација нема бесплатна верзија, но работи на повеќе платформи и нема да блокира само други апликации, туку и интернет страници кои не сакате да ви пречат. За да ја користите, месечно мора да плаќате по седум долари, односно 30 долари годишно.
Moment
Апликацијата функционира на принципот помалку телефон, повеќе живот, односно не е толку агресивна како другите апликации за детоксификација од користењето мобилен телефон. Таа има и водичи кои може да се купат во самата апликација. На пример, водичот Attention Span ќе ви сугерира да ислушате една песна до крај, да прочитате книга или да го организирате просторот каде што најмалку ви пречат другите. Всушност, освен што ја следи вашата негативна статистика, ви служи и како животен тренер.
Digital Wellbeing
Со помош на оваа апликација ќе можете да поставите дневни лимити на одделни апликации кои најчесто ве држат приковани за телефонот. Можете и само да ги блокирате известувањата кога работите нешто битно и не сакате да ви пречат. Опцијата Wind Down, пак, е дизајнирана да ве подготви за спиење, односно во дадено време екранот на телефонот станува сив, а мобилниот преминува во Do Not Disturb начин на работа.
Screen Time
Оваа апликација е слична на претходната и се надополнува со неа.

Сподели!
- Advertisement -