- Advertisement -
На деветтиот хуманитарен донаторски настан на кој денеска присуствуваа вработените во „Алкалоид“ со семејствата, беа собрани околу 20 000 евра кои ќе бидат донирани ма здужението „О2“, кое работи за почиста околина и заштита на природата.
Парите ги донираа околу 3.000 вработени и гости, а настанот го организираше Фондацијата „Трајче Мукаетов“ чиј основач е „Алкалоид“. „О2“ е иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.
„Нашата борба е борба за чист воздух, почва, вода, без индустриски црни точки, без нови рудници, без стотици каменоломи, диви депонии, со чисти реки и сочувана и заштитена природа. О2 иницијатива ќе се спротистави на секое искористување и уништување на природата, секогаш барајќи практични, одговорни решенија кои се во тек со времето во кое живееме, при тоа застапувајќи ги правата на сите граѓани за квалитетен живот во чиста и здрава средина“, е заложбата на „О2“.