Првиот поврат на ДДВ кон граѓаните се очекува до крајот на годината

- Advertisement -

На 30-ти септември, заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од ДДВ, а граѓаните треба да ги очекуваат средствата од јули, август и септември на своите трансакциски сметки до крајот на декември 2019-та.
Управата за јавни приходи информира дека од воведувањето на мерката (1 јули) до 30 септември регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата „МојДДВ“. Скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, со вкупен ДДВ од 1.241.434.628 денари. Кај граѓаните се враќа вкупна сума од  186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра.
Од УЈП изразуваат задоволство од досегашната реализацијата на мерката “МојДДВ“.
Во текот на февруари 2020 година ќе се исплаќаат собраните суми од ДДВ во периодот од октомври до крајот на годината, а во април следната година ќе се исплаќаат сумите за првите три месеци од 2020 година.
Прку веб апликацијата МојДДВ https://mojddv.ujp.gov.mk/ , граѓаните може да го проверат износот на повратот којшто ќе им биде исплатен, а имаат и можност за повлекување на фискални сметки коишто се скенирани погрешно.

Сподели!
- Advertisement -