„Марсотресите“ траат подолго од земјотресите и не може да се почувствуваат

- Advertisement -

Марс изгледа е поразличен отколку што мислевме. Мисијата на НАСА на Марс, InSight, која идниот медец ќе ја прослави првата година на Марс, откри нов свет на Црвената планета. Откако во април беше поставен првиот сеизмометар, научниците досега забележаа повече од 100 различни „случувања“, од кои 20-ина се карактеризирани како „марсотреси“.
Но, за разлика од потресите на Земјата, потресите на Марс имаат поинакви причинители и се послични на потресите на Месечината. За научниците тоа е знак дека површината на Марс е посува и пораспарчена отколку што мислеа. На Земјата доаѓа до потреси поради поместување или судирање на тектонските плочи, додека на Марс нема такви плочи, па научниците мислат дека потресите се предизвикани од ладењето на јадрото на самата планета.
Понатаму, додека потресите на Земјата траат само неколку секунди или минути, на Марс може да траат и подолго од еден час. Досега научниците забележаа „марсотреси“ кои траеле од 10 до 20 минути, но тие се многу поретки отколку потресите на Земјата. Потресните бранови се одбиваат од искршената површина, поради што потресот трае подолго.
Новите податоци укажуваат на тоа дека Марс во внатрешноста е многу поинаков отколку што мислеле. Колку е поинаков од Земјата уште не е познато затоа што научниците немаат доволно податоци од забележаните потреси. Интересно е тоа што иако траат подолго, потресите на Марс се толку благи што некој што стои на површината на Црвената планета не би ги почувствувал. Научниците кои го направиле сеизмометарот поставен на Марс морале сигналите да ги засилуваат дури 10 милиони пати за да можат да симулираат „марсотрес“ кој би бил сличен на нашите земјотреси.

Сподели!
- Advertisement -