Производители на кафе и на шампон се најбогати во Германија

- Advertisement -
Најбогати Германци се членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, објави списанието „Менаџер“.
Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“. Семејството Рајман и нивната компанија „ЈАБ холдинг“ стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс дув егбертс“ и зад производителот на шампони „Вела“.
Секоја година весникот објавува список со 1.001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании.
На второ место е основачот на „Лидл“, Дитер Шварц, со богатство од 27,5 милијарди евра.
По нив, следуваат акционерите на БМВ, Сузана Клатен и Стефан Квант, први на ланскиот список, со 26,5 милијарди евра.
(Instore.mk)
Сподели!
- Advertisement -