14 компании се стекнале со Халал сертификат оваа година

- Advertisement -

Халал стандардот стана достапен и во угостителството. Сега и хотелите и рестораните може да се здобијат со сертификат за работење според ХАЛАЛ прописи. До сега со Халал се сертифицираа само фирмите што се занимаваат со производство. Имплементирањето на овој стандард не е задолжително, но според надлежните, значајно придонесува за зголемување на извозот, но и на бројот на туристи во земјава.
“Според анализите на министерството за економија, проценката на пазарот на глобално ниво надминува 800 милијарди долари, а во Европа надминува 65 милијарди долари. Тоа е особено важно за економијата во земјава, за стопанствениците, за производителите, се со цел да можат да добијат нови пазари а со тоа да го зголемат и извозот од земјава”, изјавфи Крешник Бектеши, министер за економија.
Халал стандардот подразбира производство и работење според исламската традиција. Најмногу се имплементира во прехранбената индустрија, но и во кожарската, хемиската, козметичката и други индустрии.
Работењето според Халал значи да се елиминира употреба на алкохол или продукти од свинско потекло, а производите не треба да содржат канцерогени елементи, штетни прехранбени бои, ароми, адитиви или емулгатори.
Министерството за економија субвенционира до 60% од трошоците потребни за имплементирање на стандардот. Со Халал сертификат од почетокот на годинава се стекнаа 14 компании.

Сподели!
- Advertisement -