YouTube Music ќе ја замени апликацијата Google Play Music на Android

- Advertisement -

Апликацијата YouTube Music во индина однапред ќе биде инсталирана на Android уредите. Оваа нова услуга, која би можела да преземе значителен дел од пазарот за стриминг на музика, ќе ја замени релативно неуспешната апликација Google Play Music. Овој потег на Google е консолидација на нивните производи, а не обид за достигнување на стандардите на конкурентите.
Апликацијата YouTube Music ќе дојде однапред инсталирана на новите Android паметни телефони и ќе биде вклучена во идата верзија на оперативниот систем, кој ќе биде претставен под името Android 10. YouTube има 2 милијарди активни месечни корисници, а многу од нив ја користат за слушање музика, но неговиот наменски сервис за стриминг на музика од мај досега успеа да собере 15 милиони претплатници.
До денес YouTube Music имаше послаби резултати во однос на сулугите на ривалите во поглед на месечно активните корисници, вклучувајќи ги Spotify со 223 милиони и Apple Music со 60 милиони претплатници. За разлика од овие ривалски апликации, бесплатната верџзија на YouTube Music на корисниците не им овозможува да ги слушаат своите омилени песни додека апликацијата е вклучена во позадина и тоа се смета за една од мааните.

Сподели!
- Advertisement -