Кина е најголем потрошувач на свинско месо во светот и Кинезите се заслужни за потрошувачката на повеќе од 50% од глобалната потрошувачка на свинско месо. Поради се поголемата побарувачка, многу мали фармери и големи корпорации во оваа најнаселена земја во светот се занимаваат со одгледување свињи. Поради свинскиот грип, кој се прошири во азиските земји, умреа мнгоу животни, а фармерите мораа да убијат дури една третина од свињите, односно од 250 до 300 милиони свињи за да го спречат ширењето на болеста.
Таа ситуација се одрази на кинеските залихи и од владата предупредија на снемување свинско месо во првата половина од 2020 година, а ќе недостигаат речиси 10 милиони тони. Тоа нема да се одрази само на Кина, туку и на глобалната цена на свинското месо, која се очекува да порасне идната година.
Како решение за ситуацијата, односно за да го надоместат тој недостиг и да се обидат да ја задоволат големата побарувачка, кинеските фармери почнаа да одгледуваат се потешки и потешки свињи. Како што пренесува списанието Science Alert, некои фармери во кинеската провинција Гуангџи почнале да одгледуваат свињи потешки од 500 кг. Тоа е отприлика колку тежината на една поларна мечка. Цената на тие големи свињи на пазарот може да достигне 1.400 долари, што е трипати повеќе отколку просечната месечна плата во таа провинција.
Кинески фармери почнаа да одгледуваат свињи големи колку поларни мечки
- Advertisement -
- Advertisement -