10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Startup Weekend по осми пат во Скопје, шанса за младите

Kabtel desktop

Techstars Startup Weekend Скопје e настан кој им дава шанса на сите млади амбициозни луѓе да ги развијат и реализираат своите бизнис идеи, и повторно ќе се одржува во Скопје.

Techstars Startup Weekend Скопје e настан кој им дава шанса на сите млади амбициозни луѓе да ги развијат и реализираат своите бизнис идеи, и повторно ќе се одржува во Скопје.
За време на викендот 29 ноември – 1 декември во просториите на Инофеит50 млади креативци и иноватори ќе работат заедно на нови бизнис решенија, ќе ги развиваат и тестираат- и тоа за само 52 часа. Покрај тоа, ќе се запознаат со успешни професионалци од различни полиња кои ќе бидат нивни ментори на настанот и ќе им дадат вредни совети и насоки.
Настанот Techstars Startup Weekend е поддржан од Google for Entrepreneurs и се одржува во 150 земји ширум светот. Досега се организирани скоро 3000 настани на кои се развиени повеќе од 24.000 идеи. Македонија е дел од ова глобално движење, и оваа година, по 8-ми пат ќе се одржи Startup Weekend во Скопје.

 
На минатогодишниот Startup Weekend, Теодора, Олга, Стефан, Филип и Митко ја креираа апликацијата Challenger, која ги поттикнува и наградува граѓаните за нивните акции кои помагаат во борбата против загадувањето на воздухот. Со поддршката од АРНО, тие добија награда од Фондот за иновации и технолошки развој и ваучер за патување на промотивен настан во странство и планираат да ја лансираат наскоро.
Иновативната моќ и амбицијата на младите луѓе нема граници, и Challenger е само еден од многубројните докази дека се е можно на Startup Weekend.
Имено, Startup Weekend е непрофитен настан и секогаш се организира со помош на компании и индивидуалци кои сакаат да го поддржат. Оваа година, како и минатата, Startup Weekend Skopje е доброволно организиран од тимот на Solveo. До сега, настанот го поддржaле компании како Шпаркасе Банка, Македонски Телеком, UNDP, It.mk, Eвропа, Пивара Скопје, Brainster, MK Host, CEED HUB и ФИТР. Сите општествено и социјално одговорни компании кои се заинтересирани да го поддржат овогодишниот настан, и да им пружат поддршка на младите претприемачи, можат да се пријават на отворениот повик за спонзори.
А за сите кои сакаат да учествуваат, картите за учество ќе бидат достапни по промотивна цена од 14-ти октомври. За да бидете во тек со сите новитети следете ја facebook страната Startup Weekend Skopje.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •