Како што неодамна можеше да се слушне на конференцијата Digital Difference in Banking во Лондон, после години стагнација и одбивање промени, многу банки денес инвестираат во нови технологии кои ќе им помогнат во борбата со fintech компаниите, додека на корисниците ќе им овозможат нови услуги.
Меѓутоа, тие нови технологии, вештачката интелигенција и автоматизацијата, како и во другите индустрии, ќе резултира со намалување на човечката работна сила. Големите банки веќе почнаа да ја намалуваат работната сила, а најлошото допрва следува.
Според предвидувањата на Wells Fargо, само во САД во текот на наредните десет години без работа ќе останат повеќе од 200.000 луѓе, што претставува околу 10% од работните места во банките. Замената на луѓето со технологијата ќе ја зголеми ефикасноста на банките и ќе им ги намали трошоците.
На пример, вештачката интелигенција би требало да ги намали трошоците за пресметување на хипотеките за 10%-20%, се почесто ќе се користат чет ботови, софтверски алакти за асистирање во носењето одлуки, а трошоците за регрутирање ќе се намалат за 20%-30%.
Дел од експертите сметаат дека благодарение на технологија која на луѓето им ги краде работните места, ќе се отворат нови работни места и дека досадните репетитивни работи ќе ги заменат со интересни, но во случајот со банките тоа нема да биде така. Работниците во кол центрите, во експозитурите и во канцелариите на банките ќе останат без работа, сметаат аналитичарите, и нема лесно да најдат нова работа затоа што прашање е во кои сектори ќе се бараат вработени кога повторно ќе се најдат на берзата на труд.
Банкарскиот сектор моментално инвестира најмногу пари во технологијата од сите индустрии, а сличен извештај за откази неодамна беше објавен и во Financial Times, во кој се зборуваше за дури десетина илјади откази во Citi Bank, како и дека дури половина од 97.000 вработени во Deutsche Bank може да останат без работа.
Аналитичарите преупредуваат: Многу банкари ќе останат без работа и тешко ќе најдат друга
- Advertisement -
- Advertisement -