Светскиот мобилен конгрес во Барселона може да биде откажан поради корона вирусот

- Advertisement -

Крајот на февруари секоја година е резервиран за најголемиот мобилен саем во светот Mobile World Congress (MWC), кој се одржува во Барселона. Станува збор за настан на кој присустуваат повеќе од 100.00 луѓе, на кој се претставуваат нови телефони, часовници и други новитети од мобилната индустрија, а на локалната економија и носи приходи од околу 500 милиони евра.

одинава ќе биде навистина предизвик за саемот затоа што поради корона вирусот, многу компании како Sony, Amazon, Ericsson, LG, Intel, ZTE, Nvidiа и други веќе го откажаа своето присуство на саемот. Компаниите не сакаат да ги ризикуваат животите на своите вработени, како што изјавија од LG, во моменти кога патувањето станало се поопасно, а вирусот се повеќе се шири.

- Advertisement -

Последиците од тие откажувања ги чувствваат и хотелите, кои постојано примаат откажувања на резервираниот престој. Некои аналитичари сметаат дека досега 6.000-7.000 вработени во кинески компании го откажале планираното патување во Барселона.

Исто така, последиците индиректно ќе ги почувствува и самата индустрија, затоа што во текот на MWC се склучуваат нови договори за соработка во мобилната индустрија, па откажувањето на саемот би имало повеќекратни последици за целиот пазар на мобилни телефони.

- Advertisement -

Од организацијата GSMA, која го организира саемот, сега размислуваат дали има слисла да се одржи саемот кој треба да почне за 12 дена. Освен што таму нема да има голем дел од компаниите, патувањтот и собирањето на едно место на луѓе од целиот свет ја зголемува опасноста за зараза на луѓето со корона вирусот.

Но, некои компании кои не се откажале од присуството на саемот на интересен начин ги подготвуваат своите вработени за MWC така што ги испраќаат во карантин иако се здрави. Така, Huawei, Oppo и Xiaomi свите вработени кои ќе патуваат во Барселона прво ги ставаат во изолација две недели, а кога ќе се докаже дека се здрави, ќе можат да одат на саемот. Huawei има и план Б, па уште претходно ги известија своите претставници на компанијата во Европа да бидат подготвени ако има потреба тие да одат во Барселона наместо кинеските колеги.

- Advertisement -

Од организацијата GSMA за два дена отсега треба да ја соопштат конечната одлука за одржувањето на саемот, а ако сепак се одлучат да се одржи Светскиот мобилен конгрес, таму нема да има ракување меѓу посетителите и често ќе се мери температурата на излагачите за да се спречи можноста за зараза на излагачите и посетителите.

Сподели!
- Advertisement -