Воздушно перниче за велосипедисти се носи на вратот како јака

- Advertisement -

Воздушното перниче на Hövding е навистина неверојатен изум кој не штити од повреди на главата додека возиме велосипед. Повредите на главата и потресот на мозокот се една од најчестите причини за оштетување на мозокот. Многу такви повреди се случуваат додека возима велосипед. Системо на Hövding овозможува целосна заштита затоа што перничето се отвора како кацига и ја штити целата глава и вратот.
Споресд тестирањата кои биле направени на Универзитетот Стенфорд, Hövding овозможува дури осум пати подобра заштита од традиционалните кациги за велосипедисти. Дизајниран е како качулка, за да ја заштити целата глава. Направен е ултрацврст најлонски материјал кој не се кине ни кога ќе удрите од земја, а освен тоа е водоотпорен.
Од компанијата која го направи велат дека после илјадниците тестови кои ги направиле и податоците за движњата на велосипедистите при падови развиле алгоритaм кој може да прави разлика меѓу нормално возење велосипед и веројатноста за незгода.
Hövding се активира со притискање на копче во близина на патентот. Кога ќе видите светла или ќе слушнете некој звук, знаете дека уредот е активиран. Треба целосно да го затворите патентот за да го активирате и активирајте го само додека возите. ЛЕД сијаличките на предниот дел ќе ви покажат дали уредот е активен или не, како и нивото на батеријата. Можете да го деактивирате во кој било момент во текот на возењето.
Hövding ќе ви покаже дека е празна батеријата со звук и со трепкање на сијаличките. Батеријата се полни преку USB полнач. Со целосно полна батеријата можете да возите околу 15 часа.

Airbag for urban cyclists

This airbag for cyclists is worn around the neck like a collar.More info: http://bit.ly/2mUfDhr

Posted by Startup Selfie on Сабота, 21 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -