НАСА го тестира својот прв електричен авион

- Advertisement -

Првиот електричен X авион, X-57 Mod II, на НАСА стигна во истражувачкиот центар Armstrong Flight Research Center и тргнува во серија ригорозни тестови. X-авионите се тест-платформа која НАСА ја користи за тестирање и евалуација на нови технологии.
После тестирањата на Земјата како испитување на мотори, авионика, електрични и електронски системи и „таксирање“, авионот ќе добие крила и потоа со нив треба да полетаат два пилоти. После сите тие тестирања НАСА има намера да ги објави резултатите од истражувањето и да ги даде на користење на растечкиот пазар за електрични авиони, за цивилното воздухопловство да ги добие сите потребни стандарди за понатамошен развој.
Засега не е познато кога би можеле да го видиме електричниот авион на НАСА на небо.

Сподели!
- Advertisement -