11 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

За InnoTech Club

Kabtel desktop

InnoTech Club е платформа чија основна мисија е зголемување на свесноста во македонското општество за значењето и важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактри за идниот економски раст и развој на земјата!

Сликата во Република Северна Македонија не е розева: ниска стапка на економски раст, висока стапка на невработеност и изразено низок степен на индустријализација (уделот на индустријата во бруто-домашниот производ од 32% во 1992 година паднал на 15% во 2016 година). Силно изразената миграција во последниве години е се поизразена во форма на континуиран недостиг на стручна и добро обучена работна сила во земјава, од што најпогодени се компаниите. Советот на странски инвеститори во „Белата книга“ од 2018 година токму миграцијата на работоспособното население и изразениот недостиг на инженерски кадар и експерти со вештини од областа на наука, технологии и иновации ја потенцираше како еден од најголемите предизвици во работењето во земјава.

InnoTech Club ги адресира токму овие горливи проблеми:

  • Како младите да се заинтересираат за наука и технологија?
  • Како да ги мотивираме да работат на научни проекти применети во пракса?
  • Како знаењето и иновациите да ги направиме IN?
  • Како да ги задржиме експертите со силни технички вештини да градат кариери во Северна Македонија?
  • Како кариерата во advance science, technology and innovation да биде привлечна и во нашата земја?

Кон остварување на овие цели, InnoTech Club обединува:

  • Студенти
  • Универзитети
  • Истражувачи и експерти
  • Компании
  • Истражувачки центри
  • Стопански Комори
  • Средношколци
  • Странски инвеститори
  • Стартап компании

Национални институции

Нашето мото е: Единствениот пат до одржлив економски развој и високи станпки на еконмски раст води преку наука, технологија и иновации!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •