Научниците кои создадоа методи за ублажување на глобалната сиромаштија со Нобелова награда за економија

- Advertisement -

14/10/2019 – 12:46ВЕСТИГРАЃАНИ

Абиџит БанерџиЕстер Дуфло и Микаел Кремер се добитниците на Нобеловата награда за економија за 2019 година, соопшти Нобеловиот комитет.

- Advertisement -

Тие наградата ја добиваат за нивниот „експериментален приод за ублажување на глобалната сиромаштија“.

„Добитниците на овогодишната награда воведоа нов приод кон стекнување веродостојни одговори околу најдобриот начин за справување со глобалната сиромаштија. Накусо, тој вклучува делење на прашањето на помали, полесни за управување, прашања – како на пример, најефективните интервенции за подобрување на образовниот успех или детското здравје. Тие докажаа дека овие помали, попрецизни прашања, често најдобро се одговараат преку внимателно дизајнирани експерименти врз луѓето кои се најзасегнати“, велат од Нобеловиот комитет.

- Advertisement -

„Работата на овогодишните добитници на Нобеловата награда драматично ја подобрија нашата способност да се бориме со сиромаштијата во пракса. Како резултат на една од нивните студии, повеќе од 5 милиони деца во Индија имаа голема корист од програмите за индивидуално туторство во училиштата“, додаваат од Комитетот.

The Nobel Prize@NobelPrize · 8hReplying to @NobelPrize

- Advertisement -

Over 700 million people still subsist on extremely low incomes. Every year, five million children still die before their fifth birthday, often from diseases that could be prevented or cured with relatively cheap and simple treatments.#NobelPrize

The Nobel Prize@NobelPrize

This year’s Laureates have introduced a new approach to obtaining reliable answers about the best ways to fight global poverty. It divides this issue into smaller, more manageable questions – for example, the most effective interventions for improving child health.#NobelPrize

View image on Twitter

1,41211:50 AM – Oct 14, 2019Twitter Ads info and privacy817 people are talking about this

Дуфло стана само втората жена добитничка на Нобеловата награда за економија, по Елинор Остром, која оваа награда ја доби во 2009 година. Таа истовремено стана и најмладата добитничка на Нобеловата награда за економија.

(www.radiomof.mk)

Сподели!
- Advertisement -