Отворен најголемиот парк на ветар на Балканот

- Advertisement -

Паркот на ветар Čibuk 1, најголем на Балканот, кој чини 300 милиони евра, беше отворен вчера во Мраморно, а ќе снабдува со струја 113.000 домаќинства. Поставени се 57 турбини со инсталирана моќност од 158 мегавати, чија изградба заврши годинава во април.

- Advertisement -

Таа инвестиција на компанијата Masdar од Абу Даби ја поддржаа Меѓународната финансиска корпорација и Европската банка за обнова и развој со кредити во вкупна вредност од 215 милиони евра.

Се смета дека со производството на струја во паркот Čibuk 1 годишно ќе се постигне намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 370.000 тони. Компанијата Masdar е глобален лидер за обновливи извори на енергија и одржлив урбан развој, а Čibuk 1 е нејзин четврти парк на ветар во Европа.

Сподели!
- Advertisement -