Македонија 82 место по конкурентност на економијата, Сингапур со симна САД од тронот

- Advertisement -

Сингапур ги симна САД од првото место во годинашниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум.

- Advertisement -

Во извештајот се анализира конкурентноста на економијата со мерење на фактори како што се макроекономска стабилност, инфраструктура, пазар на трудот и иновативен капацитет.

Сингапур оваа година ја „турна“ најголемата светска економија на второто место, при што градот-држава Азија доби најдобри оценки за својата инфраструктура, здравство, пазар на трудот и финансиски систем.

- Advertisement -

„САД остануваат иновациска сила, и покрај губењето од Сингапур“, се вели во извештајот.

Еден од „виновниците“ за успехот на Сингапур и Виетнам е американско-кинеска трговска војна. Во извештајот се вели дека двете азиски економии имаат корист од глобалните трговски тензии, бидејќи трговијата се пренасочува во овие земји. Виетнам „заработи“ десет поени од минатата година, и се искачи на 67-то место од 137 земји.

- Advertisement -

На врвот на листата се најдоа и Хонг Конг, Холандија и Швајцарија. Хонг Конг се искачи за четири места од минатата година, и покрај политичката криза која се одрази на економскиот раст.

Македонија се искачи за две места и се наоѓа на 82 место на листата. Од регионот, најдобро рангирани се Словенија – на 35., Бугарија на 49 и Романија на 51 место.

Сподели!
- Advertisement -