Како Токио ќе ја искористи технологијата за да ги трансформира Олимписките игри во 2020 година?

- Advertisement -

За Олимписките игри во 2020 година Токио ќе користи 100% обновлива енергија. За стадионите и Олимпиското село ќе се користи енергија од ветар и соларна енергија.

Од металот кој се наоѓа во старите мобилни телефони беа направени медалите за олимпијците. Мобилните телефони содржат мала количина злато, сребро и бакар. Од тие метали беа направени 5.000 медали. И останатите 99% од другите работи кои ќе се користат за Олимписките игри ќе бидат реупотребени или рециклирани.

- Advertisement -

Гостите кои ќе дојдат во Токио за игрите ќе се возат во автономни такси возила. Патниците ќе можат да ги отворат вратите на автомобилите со своите мобилни телефони и со телефон да платат за возењето. Идејата е толку популарна што повеќе од 1.500 луѓе аплицирале да учестуваат во тест возењето.

Роботи ќе преведуваат од јапонски на некој од јазиците на гостите. Организаторите планираат да ги користат роботите на повеќе места и со нив да обезбедат поддршка на странски јазици, а тие да им го носат багажот на постарите или на луѓето со некаков инвалидитет.

- Advertisement -

Благодарение на сета таа технологија, Олимписките игри во 2020 година ќе останат незаборавни.

This is how Tokyo will use technology to transform the 2020 Olympics

Medals made by old phones and robots closing the language barrier.🔎 Learn more about the 2020 Tokyo Olympics: https://wef.ch/2lFxoxj

Posted by World Economic Forum on Четврток, 10 октомври 2019
Сподели!
- Advertisement -