11 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Македонскиот иновативен гејмерски елек наскоро влегува на пазарите во Катар и Дубаи

Kabtel desktop

Македонскиот старт-ап АРАИГ Глобал неодамна беше дел од TakeOff самитот во Истанбул и влезе во кругот на 200 финалисти кои добија можност да ги презентирааат компаниите, поточно продуктите со кои ќе излегуваат на пазарот. Take Off е најголемиот самит за технологи во Источна Европа, а годинава за учество аплицираа над 1.500 стартапи од повеќе од сто земји во светот.

Според главниот извршен директор на АРАИГ Глобал, Кирил Грујовски во текот на четирите дена поминати на саемот во Истанбул биле дел од  одлична работна атмосфера, во која секоја компанија може да се сретне и да научи од едни од најдобрите ментори во светот, како и да размени и да спореди искуства со нив како да го задржи правецот на успехот.

На Самитот учество земаа 150 ментори, а сесиите со нив се повеќе од драгоцени, особено за нас старт-ап компаниите. Привилегија е да се работи со ментор од рангот на Marcel Dridje, претседател на СБА асоцијацијата на Бизнис ангели, од кого добив конкретни насоки за афирмативно дејствување, каде пораката е повеќе од јасна. Имавме предавања од искусни претприемачи и претставници на компании, кои јасно ги гледаат и ги препознаваат потенцијалите на младите компании. Многу мотивирачко беше предавањето на Young Sohn, корпоративниот претседател на Samsung electronics, во чие предавање ги пронајдов фазите низ кои поминува нашата компанија“, вели Грујовски.

Потенцира дека можноста која ја доби АРАИГ Глобал како еден од финалистите да ја презентираа компанијатан и својот продукт е уште една силна потврда за потенцијалот на компанијата, препознаен на глобално ниво. Целна индустрија им е гејмингот, а нивниот продукт АРАИГ гејминг елекот, кој е симбол на компанијата, го привлече вниманието кај многу потенцијални инвеститори и веднаш отвори релации за нови партнерства. Се работи за мулти-сензорски елек, со кој гејмерите и останатите корисници имаат можност да доживеат комплетно ново искуство низ видео игрите.

Со овој елек гејмерите ќе можат да го почувствуваат на своето тело она што се случува во самата игра. Мулти-сензорската технологија, вградениот сараунд систем и комплетното wi-fi решение на елекот, овозможуваат повеќе нивоа на различни динамични искуства, а она што претходно можеше само да се гледа во видео игрите и виртуелниот свет, сега може буквално да се почувствува.

Елекот е составен од неколку основни компоненти: Decoder, Exoskeleton и Stim Shirt (сензорска стимулатива кошула). Егзоскелетот е основна компонента на АРАИГ технологијата, кој ги активира разните сензорни стимулации (познати како Нервниот систем), функционалност базирана на 34 сензори, еднакво распределени на предниот и задниот дел од торзото. Внатрешната компонента на АРАИГ елекот е StimShirt (стимулативната кошула), која дополнително сензорски ги стимулира мускулите на торзото и рамената. Елекот е лесно адаптибилен на игрите за пресоналните компјутери, конзолите, како и на уредите за игрите со виртуелната реалност.

Како резултат на учеството на TakeOff самитот добивме отворена покана за дистрибуција на нашиот продукт на пазарот во Дубаи и Катар. Google го препозна потенцијалот на нашата компанија, од кои добивме награда, сума која е конвертирана во Google кредити. Од Истанбул се враќаме не само со награда, туку и со потпишани договори за соработка. Првата соработка е со компанија од Хрватска, со која ќе излеземе на пазарот, со иновативен продукт во виртуелните гејминг арени. Вториот договорот е со компанија од Даблин, Р. Ирска каде работиме на нов супер-препознатлив продукт во областа на медицината, конкретно психотерапијата, каде нашата технологија ја интегрираме како дополнителен стимулатор во целокупната програма“, посочува Грујовски.

Тој смета дека со учеството на TakeOff самитот во Истанбул АРАИГ Глобал испраќа јасна порака до младите стартапи во Македонија, цврсто да го држат иницијалниот мотив и да продолжат, затоа што секој сон може да стане реалност. Посочува дека компанијата е во финални подготовки да излезе на пазарот со својот продукт.

Планираме Kickstarter кампања, повеќе од јасно е дека треба брзо да се развиваме и да се отвориме не само кон гејмингот како најбрзорастечки пазар во моментов, туку и во други области, како медицината, спортот и други индустрии каде симулациите се користат за усовршување на перофмансите и развојот на самите индустрии. Одиме понатаму, подготвени сме за игра“, нагласува Грујовски.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •