Контроверзната криптовалута Tether го замени биткоин како најчесто користени сајбер пари. Иако биткоин и понатаму има најголема пазарна капитализација од сите криптовалути досега, според податоците на страницата CoinMarketCap, дневниот обем на Tether постојано е повисок од биткоин веќе неколку недели.
Податоците од пред неколку дена покажуваат дека во криптоменувачниците ширум светот се разменуваат 19 милијарди долари од Tether во споредба со 15 милијарди долари вредни биткоин.
Според мислењето на некои експерти, Tether стана најбитна валута во светот на криптовалутите. Овие дигитални пари се т.н. Stablecoin – односно криптовалута која е врзана со фиксна цена со конвенционална валута. Според тоа, како што кажува и самото име, таа треба да биде постабилна од останатите криптовалути со своите необично волатилни курсеви.
Хонгконгшката компанија Tether е врзана за доларот и е покриена со резерви. Меѓутоа, постои значително сомневање во изјавите и однесувањето на креаторите на Tether. До пред неколку месеци тврдеа дека го задржуваат доларот во резерва за секои издадени дигитални пари, но потоа одненадеж признаа дека покриеноста е само 74%.
Во САД против Tether Limited се води истрага поради сомневање дека проневериле 850 милиони долари од инвеститорските фондови. Покрај тоа, сомнежот дека Tether се користи за масовна манипулација со курсот на биткоин, кој буквално експлодира во 2017 година, а потоа доживеа пад.
И покрај се, Tether станува се попопуларен. Многу берзи, посебно во Азија, користат валута како замена за вистински долари за купување или продажба на биткоин и други валути. Со оглед на тоа дека многу од тие размени немаат директна врска со традиционални банкарски сметки на кои клиентите, на пример, можат да пренеста приходи од продажбата на биткоин, некои купувачи би можеле да бидат заведени од Tether.