8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Прва македонска апликација Challenger и награди за „зелени“ километри за чист воздух

Kabtel desktop

До крајот на годинава ќе биде лансирана првата македонска мобилна апликација Challenger која ќе поставува предизвик и ќе ги наградува корисниците кои одлучуваат да пешачат или возат велосипед по локалните улици, со цел да не користат автомобили и да придонесат за намалување на загадувањето. Креирана од млади луѓе, во пресрет на зиматата, апликацијата ќе помогне секој нејзин корисник да се придружи на борбата за почист воздух.

„Ние сме Challenger, првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Факт е дека живееме во најзагадениот град во Европа. Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение – а не дел од проблемот. Со нас, секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои ти носат попусти и награди. Challenger поставува и дневни, неделни и месечни предизвици. Дополнително сите се натпреваруваме и меѓусебно се мотивираме, а најважно од се создаваме и градиме од граѓаните за граѓаните подобро општество и животна средина“ велат од „Challenger“.

Преку апликацијата, корисниците може да станат супер херои, благодарение на своите зелени километри, кои намалуваат стотици отпадни гасови во воздухот што  го дишеме.

„Сакаме нашите корисници и бизнис партнери да се вклучат кон заедничко градење на подобра заедница. Challenger не е само апликација, туку е платформа за градење на заедница во која граѓаните и корпоративниот сектор меѓусебно се поддржуваат и инспирираат, со една заедничка цел – да придонесат за чист воздух а со тоа и здраво општество,“ додаваат од „Challenger“.

Апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, а до тогаш нејзините креатори упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат за да заедно сите да ги создаваме промените.

Младите ентузијасти Теодора, Олга, Стефан и Митко, Challenger, со својата бизнис идеја меѓу победниците на регионалниот натпревар Philanthropy for Green Ideas на кој, во конкуренција со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора се натпреваруваа и македонските национални победници на АРНО натпреварот за зелени бизнис идеи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •