Во ЕУ е полесно да ја поправиш машината за алишта отколку да ја фрлиш

- Advertisement -

Во ЕУ е полесно да ја поправиш машината за алишта отколку да ја фрлиш затоа што замената на уредите кои може да се поправат е лошо за животната средина. Според новиот закон за право на поправка од 2021 година, фрижидерите, машините за миење чинии и машините за перење мора да се поправаат до 10 години користење, а резервните делови мора да бидат лесно достапни.

Законот, исто така, значи дека уредите мора да бидат енергетски ефикасни и да трошат помалку вода. Овие мерки за екодизајн ќе може да му заштедат на едно домаќинство до 150 евра годишно, а вкупно да се заштеди енергија колку што троши Данска годишно.

- Advertisement -

Со мерките исто така ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид за повеќе од 46 милиони тони годишно. Новиот закон следува после жалбите дека честопати е поевтино да се купи нова машина отколку да се поправи старата. Но, со производството на нови уреди се создава повеќе отпад и стакленички гасови. Со новиот закон се бара од производителите да се дизајнира за една циркуларна економија.

Сподели!
- Advertisement -