[Видео] Снимени 42 депонии во Националниот Парк „Маврово“

- Advertisement -

За да се обелодени и актуелизира сериозноста на повеќедеценискиот проблем со дивите депонии во Националниот парк „Маврово“, здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО Инфоцентарот, ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај. Со помош на локалното население од 11 села лоцирани  и снимени со дрон се дури 42 депонии, oбјави Радио МОФ.

„Идејата на целата акција е да се поттикнат властите на локално и национално ниво, надлежните институции и граѓаните, да најдат ефикасно системско решение за чистење на дивите депонии, а потоа напорите да се насочат кон превенција од создавање други диви депонии“- истакнуваат активистите на Тритон.

- Advertisement -

„Очекуваме поддршка од граѓаните во чистењето на дивите депонии, но очекуваме и да ги сменат старите навики и да прифатат нови решенија со кои ќе се заштитат природните убавини на националниот парк“ – нагласуваат тие.

Снимениот видео материјал им беше презентиран на претставници од општина Маврово и Ростуше, месните заедници, Националниот парк и од Јавното комунално претпријатие „Маврово“. На средбата беа разгледани неколку предлози за решавање на проблемот со дивите депонии и тоа засилено теренско присуство на комуналните редари, назначување инспектори, зголемување на казните за фрлен отпад, формирање на тело за надзор врз работата на комуналните редари и врз одделението за урбанизам и комунални дејности во општината.

- Advertisement -

За да се поттикне менувањето на навиките за фрлање отпад кај локалното население и за подигање на свеста за потребата од заштита на животната средина, во рамки на акцијата беа донирани и 40 канти за отпадоци, кои ќе бидат поставени во 10 населени места во Долнореканскиот крај.

Сподели!
- Advertisement -