НАСА ги претстави новите вселенски костими кои ќе овозможат полесно движење

- Advertisement -

НАСА претстави два нови вселенски костими за идните астронаути кои ќе одат по месечината и истакна дека тие се клучен елемент за забрзување на програмата за враќање на американската вселенска агенција на Месечината до 2024 година. Двајца инженери на НАСА се прошетаа облечени во вселенските костими, клекнуваа и стакнуваа пред публиката демонстрирајќи како ќе изгледаат вселенските костими за нулта гравитација во рамките ан програмаѕа Артемис за истражување на Месечината.

Како што истакнаа оттаму, новите костими ќе овозможат многу полесно движење, наведнување и клекнување и севкупно движење по Месечевата површина. „Ова се првите костими кои ги проектиравме во последните 40 години“ велат од НАСА.

- Advertisement -

Администрацијата на Трамп во март годинава на НАСА и даде дозвола да спушти луѓе на Месечината до 2024 година, на тој начин забрзувајќи ја целта Месечината да се колонизира како место од кое ќе се тргнува на мисии за Марс. Еден од костимите направени од портокалов материјал астронаутите ќе го носат во вселенскиот брод. Астронаутите ќе носат многу поголем, без костим на површината на Месечината.

Сподели!
- Advertisement -