Ова е најголемото село на вода во светот

- Advertisement -

Веќе 1.300 години луѓето го населуваат пространото село на вода Кампoнг Аир во Брунеи. Од почетокот ова село е познато како Венеција на Истокот, а неговите рустични структури над водата не личат на никои други.

Денес селото Кампoнг Аир света со повеќе од 30.000 жители, кои чинат 10% од вкупната популација на Брунери. Иако е квалификувано како едно село, всушност, составено е од 42 помали села кои меѓусебно се поврзани со 28 км мостови за пешаци. Куќите се сместени на стапови кои штрчат од водата, а селото е опремено со струја и клима-уреди.

- Advertisement -

Кампoнг Аир е огледало на минатото на Брунеи, односно на тоа како живееле луѓето во овој дел од светот на водата и од водата. Според многу записи, познатиот португалски истражувач Фернандо Магелан го посетил селото на вода во текот на 16 век и се смета дека тој му го дал името „Венеција на Истокот“.

Иако се чини како мала и неразвиена населба, селото поседува сопствени болници, училишта, продавници и ресторани. Сообраќајот се одвива со дрвени и брзи моторни чамци.

Сподели!
- Advertisement -