Годинава, Рептил маркети прославува 23 години раст на македонскиот пазар. Еден од најстарите синџири на маркети во земјава со најдобрата услуга, Рептил маркети прерасна во бренд што потрошувачите го препознаваат како трговец со постојан квалитет во услугата и достапни цени на широк асортиман производи, како стабилен работодавец и како еден од двигателите на домашната економија. Рептил маркети има развиена мрежа од 15 маркети низ скопските населби, on–line продавница и големопродажба. Плановите предвидуваат понатамошен раст.
„Годинава ја одбележуваме нашата 23 –та годишнина и сакаме да се заблагодариме на сите наши ценети потрошувачи за нивната доверба, поддршка и лојалност. Остануваме тука за Вас и со нетрпение ги чекаме следните години за да Ве услужиме. Нашата замисла на почетокот беше да бидеме маркети кои ќе го негуваат и зачуваат непосредниот контакт со потрошувачот, да ги привлечеме со квалитет во услугата, но и со насмевка и добредојде. Слично како и некогашните дуќани во маалата каде пораснавме, каде секогаш и како деца бевме добредојдени. Мислам дека тие очекувања ги оправдавме, но тоа не значи дека ќе застанеме. Нашиот слоган гласи „Пазарете со срце и задоволство“ и ќе продолжиме во таа насока да се развиваме“, вели Даница Личанин, сопственик на Рептил маркети.
Потврда за успешната работа е годинешната награда и признание за особен придонес за развој на претприемништвото во земјите од Централна и Југоисточна Европа – “творци на векот”, доделени на 6-тиот Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“ во Дубровник. Целта на Самитот е да се оддаде јавно признавање на претприемачите и лидерите кои со својот особен придонес за развој на претприемништвото во регионот, значително го поттикнуваат економскиот и општествениот развој.
Развојот на Рептил маркетите како едно големо семејство е еден од стожерите врз којшто се развива оваа македонска компанија. При тоа, во изминатите години трпеливо и постојано се работи и на унапредување на условите за вработените во компанијата. Рептил маркети вработува околу 300 лица, а дел од нив се од самите почетоци во 1996 година. Нивниот придонес во Рептил маркети секогаш се наградува. Годинава компанијата одлучи на вработените кои користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните девет месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) да воведе скратено работно време. Односно, вработените ќе може да работат половина од полното работно време, а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.
Рептил маркетите имплементираат и одржуваат највисоки стандарди на квалитет. Како општествено одговорна компанија Рептил маркети е редовен донатор за поддршка на социјално загрозените категории. Покрај донациите од производи, компанијата донира средства, а помага и на дел од институциите кои работат со овие категории. Компанијата е активно вклучена и во проекти од областа на образованието и културата.