Во Ватикан се надеваат дека ќе се приближат до младите од Католичката црква со новиот уред наречен „Click To Pray” – односно бројаницата eRosary. Станува збор за електронска алка која може да се поврзе со апликација инсталирана на телефон, која се активира кога корисникот ќе направи знак во облик на крст.
Уредот може да се носи како алка која е составена од 10 перли од црн камен ахат и хематит и паметен крст во кој се складираат податоци. Кога уредот ќе се активира,мрежата ја следи молитвата како и бројот на молитви. Електронската бројаница е дел од мрежата Worldwide Prayer Network на папата, а е дизајнирана како алатка за помош при учењето молитви за мир ширум светот. Апликацијата содржи пероснализирани религиски содржини, како и информации за здравствената состојба на корисникот/ Цената на бројаницата е 99 евра.
Иако многумина мислат дека Ватикан не е технолошки напреден, постојат знаци кои покажуваат дека црквата се прилагодува на денешната модерна дома. Папата Франциск има профил на Instagram, Ватикан ја користи апликацијата Telegram за комуникација и слично. Исто така, Ватикан има апликација за iOS уште од 2008 година и не се плаши да експериментира со технологија.