- Advertisement -
Овие ловци на магла воздухот го претвораат во вода. Фондацијата Creating Water Foundation во Перу создава вода за пиење за луѓето кои немаат пристап до неа.
Водата се создава со поставување мрежи за магла. Тие мрежи се поставуваат на крајбрежните делови од Перу. Ветрот потоа ја носи маглата до мрежите, каде што кондензира и се формираат капки вода.
- Advertisement -
Тие капки се собираат во контејнери поставени на дното на мрежите. Локалното население таа вода потоа ја користи за пиење и наводнување.
За мрежите се грижат локалните жители и ги одржуваат. На овој начин може да се создадат до 10.000 литри вода дневно.
- Advertisement -