Компаниите сакаат среќни работници – се повеќе воведуваат продолжени викенди

- Advertisement -

Се поголем број компании во светот воведуваат четиридневна работна недела наместо досадната петдневна недела за да ги задржат квалитетните и способните работници, покажуваат податоците од американските агенции за истражување на пазарот на труд.

Според извештајот „Society for Human Resource Management“ од САД, многу компании во светот воведуваат четиридневна работна недела за да привлечат талентирани луѓе од сите делови на светот и напоменуваат дека во денешниот глобализиран свет луѓето од еден крај на светот пронаоѓаат работа без многу проблеми на сосема друг крај на светот.

- Advertisement -

Податоците на агенциите покажуваат дека 27% од компаниите на глобално ниво на вработените им нудат можност да работат четири дена во неделата од 9 до 10 часа дневно, наместо досадните пет дена по осум часа дневно. Резултатите од истражувањата покажаа дека овој тренд резултирал со подобро расположение меѓу вработените, но и со поголема продуктивност кај компаниите.

Во истражувањето се наведува дека работата од дома е уште еден тренд на пазарот на труд кој е се попопуларен меѓу компаниите. Еден од примерите е Одшерад, град во Данска, чии власти во септември годинава воведоа четиридневна работна недела. Државните службеници, кои ги има околу 300, вработени во општината се одушевени од новата мерка и додаваат дека се пресреќни што отсега ќе имаат три слободни дена за активности по дома и за приватен живот.

Сподели!
- Advertisement -