Поради страв од киднапирање старапите во Мексико не сакаат јавно да се фалат со својот успех

- Advertisement -

Во светот на стартапите има огромна конкуренција, а секој успех од типот на нова инвестиција, договорена соработка и добра продажба компаниите сакаат да го објават на што повеќе медиуми за да се прошири приказната за нив и да привлечат дополнително внимание од нови инвеститори. Тоа правило важи за сите стартапи на кои им годи медиумското внимание, но постои еден пазар на кој пишувањето за нови успеси, нови инвестиции и добрата заработка не е пожелно.

За Мексико не важи изреката дека секој ПР е добар ПР и најголем дел од стартапите таму не сакаат да се пишува за нив иако нивниот успех може да им донесе нови инвеститори. Стартап заедницата таму се плаши дека ќе го привлече вниманието на некој кој не сакаат – криминалците.

- Advertisement -

Киднапирањата, уцените и убиствата не се невообичаени во Мексико, а колку се внимателни најголем дек од претприемачите таму истражија новинарите на Reuters. Луѓето кои разговарале со нив во најголем дел сакале да останат анонимни, а заклучокот кој се наметнува по запознавањето со стартап сцената во Мексико е дека во таа земја постои посебен данок на животот и работата, а тој данок се вика живот со ризик.

„Се ставате во позиција да станете предмет на киднапирање“ коментира основачот на еден стартап. Иако сите претприемачи не го делат ова мислење, Reuters разговарал со претприемачи кои на почетокот ги имало по медиумите, но штом добиле некоја поголема инвестиција, ја продале компанијата и се повлекле од јавноста.

- Advertisement -

Еден основач на стартап откако го купила голема компанија, добил телохранител, поранешен американски маринец специјализиран за случаи на киднапирање. Секој ден морал по друг пат да оди на работа и дома и бидејќи не можел да го издржи таквото темпо на живот, се преселил во САД. Таквиот пригушен начин на претприемни живот носи и нови проблеми – тешко е да се привлечат таленти и странски капитал, што секако, влијае на понатамошниот развој и ширењето на стартапите.

Поради таквата ситуација во Мексико има силен развој на една друга индустрија. Приватните компании за обезбедување, телохранителите, производителите на уреди за следење итн. имаат полни раце работа затоа што има голема побарувачка за заштита.

Но, не го делат сите таквото мислење дека во Мексико најпаметно е да се премолчи успехот. На пример, Бисмарк Лепе, шеф на софтверската компанија Wizeline, смета дека неговите колеги се премногу внимателни и се додека не се вклучени во трговијата со дрога, ќе бидат безбедни. Всушност, од Reuters велат дека нема забележани случаи на киднапирање на шефови на успешни стартапи, но една од причините за тоа може да биде токму фактот дека најголем дел од компаниите не сакаат да го привлечат вниманието на себе со својот успех.

Сподели!
- Advertisement -