Србија доби Банка за ракија

- Advertisement -

Банка за ракија се отвори неодамна во Белград, во дестилеријата „Белград Урбан Дистилери“ која работи веќе десет години. 

Српската Банка за ракија е место на коешто сите заинтересирани поединци и компании може да направат своја ракија и да станат клиенти на нашата „весела“ банка, изјави Бранко Нешиќ, сопственик на дестилеријата.

- Advertisement -

Клиентот со помош на вработените ги става состојките во буриња од 50, 100 или 220 литри. После полнењето, бурињата се оставаат на чување до одреден датум.

Бурето е постојано на располагање, а по одлежување од минимум шест, а максимум 36 месеци, клиентот може да го отвора бурето и да полни во шишиња со сопствена етикета. 

- Advertisement -

(www.instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -