Во Шангај на сила најстрогите мерки од почетокот на пандемијата на корона вирусот

- Advertisement -

Властите на Шангај во текот на наредните неколку дена дополнително ќе го ограничат пристапот до храна и до болниците во некои делови од градот, пто е најстрога фаза од мерките поради корона вирусот од почетокот на пандемијата досега.

Според новите мерки, комерцијалната испорака на храна нема да биде дозволена, а за некој да појде во болница, а не е итен случај, претходно мора да бара одобрение од надлежните.

- Advertisement -

Соседите на луѓето заболени од КОВИД-19 и другите луѓе кои живеат во нивна близина исто така се приморани да одат во државни карантински објекти, пренесува BBC.

Значително е опаднат бројот на потврдени заразени случаи, но властите уште не успеаја да ја остварат својата цел на она што го нарекуваат „нулта ковид“ политика. И покрај острите мерки, властите на Шангај инсистираат луѓето кои живеат во некои делови од градот слободно да ги напуштат своите домови и да излезат да шетаат.

- Advertisement -

Во официјалните соопштенија во кои има увид BBC детално се наведуваат неколку органичувања наметнати во она што се нарекува „периоди на тишина“ во наредните три дена. Тоа подразбира само државните служби да можат да испорачуваат храна, на жителите нема да им биде дозволено да излезат од становите и ќе боде потребно посебно одобрение од надлежните комитети за само итните случаи да можат да влезат во болница.

Во некои случаи на луѓето кои се однесени во карантин им било речено да го стават клучот од домот за надлежните да можат да влезат и да го дезинифцираат просторот. Бидејќи расте загриженоста околу залихите на храна, властите велат дека сите кои живеат во привремено сметување на улица или во напуштени згради ќе бодат преселени во затворени и контролирани објекти. Тоа значи дека вработените ќе мора да живеат во канцеларија или во фабрика.

- Advertisement -

Повеќе од две години после избивањето на КОВИд-19 по прв пат во Кина официјалните податоци велат дека околу 90% од населението таму е вакцинирано. Но, само 38% од луѓето постари од 60 години, кои се најзагрозени, имаат примено вакцина.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -