Се предвидува дека глобалниот пазар на 5G мрежата ќе порасне на 1,6 милијарди корисници во наредните пет години, а голем дел од тој раст ќе го овозможи Кина според плановите за имплементација на нејзините оператери. Кинезите веруваат дека до 2025 година ќе имаат 600 милиони претплатници на 5G мрежата, што ќе ги направи лидери на глобалната 5G револуција.
Повеќе од 85% од кинеското население ќе се претплати на мобилната услуга до 2025 година, додека 88% од тие претплатници ќе имаат паметни телефони, а 36% ќе користат 5G услуги.
Огромниот процут на 5G паметните телефони за 2020 година неодамна го предвиде и Волстрит банката Goldman Sachs. Банкарските аналитичари истакнаа дека кинескиот технолошки гигант Huawei ќе оствари значителна корист преку овој развој. За потсетување, Huawei го направи првиот 5G повик во светот и го лансираше првиот терминален уред во 2018 година.