Агенцијата за истражување на пазарот „Нилсен Адриатик“ ја одржа 5-тата конференција за навиките на купувачот, на која ги претстави најважните трендови во малопродажбата на пазарите во Хрватска и во Јадранскиот регион во целина.
Истражувањето покажа дека за разлика од претходните години, кога на на купувачите најважно им беше да најдат во еден маркет се што им треба, во 2019 година ниските цени се искачија на прво место по важност. Следно што сакаат купувачите се широк избор на производи, полни полици, добри промоции, а дури на петто место е сигурноста дека во еден маркет ќе најдат се што им треба.
Во Хрватска, на прво место по силата на брендот, едносно по емотивната врска со купувачот, и натаму е „Конзум“. Зад него е „Лидл“. раст во лојалноста има кај „Плодине“, а во загуба е „Кауфланд“.
Мирослав Тасиќ, директор на „Нилсен Адриатик“, рече дека најновите светски истражувања покажуваат дека третина потрошувачи во светот при носењето одлука за купување се водат од ценовниот фактор. Вкупно 42 отсто испитаници сакаат да пробуваат нови производи и се поотворени кон нови брендови за разлика од пред пет години.
Бројните можности за избор оставени пред потрошувачите ја отежнуваат работата и на трговците и на производителите. наше е да ги мериме трендовите и лојалноста и да утврдиме како секторот може да ја најде вистинската рамнотежа и да ја врати лојалноста од купувачите, рече Тасиќ.
Во структурата на малопродажбата, најважни канали по вредносен удел и натаму се супермаркетите на кои отпаѓаат 33 отсто од вкупната малопродажба и заедно со дисконтерите се носители на вкупниот пораст. Супермаркетите се и канал во кој најголем дел потрошувачи (59 отсто) ги трошат своите пари.
(www.instore.mk)