Кина има најмногу компании еднорози во светот

- Advertisement -

Кина ги престигна САД и стана држава со најмногу компании еднорози, односно приватни компании кои вредат најмалку една милијарда долари. До неодамна САД доминираа на тој пазар, но ситуацијата се менува и Кина инвестира се повеќе ресурси во технологијата. Како што нагласуваат во својот план Made in China 2025., повеќе не сакаат да бидат држава со евтина работна рака и производство, туку лидер на полето на роботиката, производството на чипови, аеронаутиката и други технологии.

Според истражувањето на компанијата Hurun, во Кина има 206 компании еднорози, што е само три компании повеќе отколку во САД. Во однос на останатите држави, Кина и САД целосно доминираат со дури 80% од светските еднорози. Што се однесува пак на посебните категории, Кина доминира на полето е-трговија, електрични автомобили и здравствената индустрија, додека Американците имаат најмногу еднорози на полето клауд технологија, вештачка интелигенција и биологија.

- Advertisement -

Исто така, како шшто Кина ја презеде лидерската улога од САД, еден кинески град го престигна Сан Франциско по бројот на еднорози. Станува збор за Пекинг, каде што има 82 приватни компании вредни најмалку една милијарда долари. во Сан Франциско, пак, се наоѓаат 55 такви компании. Во Кина се наоѓаат и трите највредни еднорози во светот – Ant Financial, подружница на Alibabа вредна 120 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -