Икеа креираше префабрикувани куќи прилагодени за луѓе со деменција

- Advertisement -

Во текот на изминатите неколку години, Икеа во соработка со косопственикот на компанијата БоКлок работеше на развој на домови кои се прилагодени за стари лица.

Станбените единици кои оваа компанија веќе ги лансираше на пазарот под називот SilviaBo, Икеа сега сака да се трансформираат за живот на купувачите со деменција.

- Advertisement -

Овие домови нема да бидат многу поразлични од оние кои веќе постојат на пазарот, тие само ќе понудат некои дизајнерски решенија кои ќе им го олеснат животот на луѓето со деменција.

Mодифицираниte домови содржат електрични уреди кои се со класични прекинувачи наместо дигитални. Исто така, во бањите нема огледала и темни подови, што има позитивен ефект врз лицата со деменција.

- Advertisement -

Куќите се дизајнирани со цел да ги охрабрат овие луѓе да престојуваат надвор и да комуницираат со други луѓе.

Иако овие промени може да изгледаат мали, од компанијата БоКлок велат дека тие можат да направат голема разлика кај луѓето со ограничени моторни вештини и губење на меморијата.

- Advertisement -

Досега компанијата има направено само шест пилот верзии на домови, но тие се надеваат дека наскоро овој проект ќе биде достапен за сите на кои им се потребни вакви домови.

(www.marketing365.mk)

Сподели!
- Advertisement -