Најскапото паркинг место во светот продадено за еден милион долари

- Advertisement -

По месеци насилни протести, на Хонгконг можеби му се заканува рецесија, но тоа не спречи еден од тамошните претприемачи да плати едно паркинг место дури милион долари.

Огромната сума која ја издвои Џони Чеунг-Шун е доказ дека има се поголема нееднаквост, која придонесува за незадоволство на оние кои речиси пет месеци протестираат во тој финансиски центар, каде што една од пет личности е сиромашна.

- Advertisement -

Износот од 970.000 долари е повеќе од 30 пати поголема од просечната годишна плата на жителите на Хонгконг и отприлика е еднаква на цената на еднособен стан во лондонскиот елитен кварт Челси.

Паркинг местото се наоѓа кај петтиот најголем облакодер во Хонгконг. Претходно најскапото паркинг место во светот беше продадено минатата година за 760.000 доларил, исто така во Хонгконг. Тоа се наоѓа во луксузниот комплекс Ultima во квартот Ковлон, каде што цената по метар квадратен е речиси трипати повисока од просечната цена на недвижностите во Хонгконг.

Инаку, втора година по ред Хонгконг е прогласен за најскап град во светот.

Сподели!
- Advertisement -