Франција ја ограничи брзината на возење на електричните скутери на 25 км

- Advertisement -

Франција вчера законски го уреди користењето на електричните скутери и сличните направи воведувајќи забрана за нивно возење по прометни пешачки патеки, автопати и по селски патишта. Овие превозни средства се повеќе се составен дел од сообраќајот по улиците во Франција, иако досега немаше закон за регулирање на нивната употреба.

Со новиот закон електричните скутери се дефинираат како „персонализирани моторизирани подвижни направи“ и се ограничува брзината на движење на 25 км/ч. Предвидено е да се користат на велосипедски патеки и на патиштата во градовите по кои брзината е ограничена на 50 км/ч. Минималната долна граница за возачите е 12 години.

- Advertisement -

Електричните скутери се озаконети и во Германија уште од јуни годинава, но минатиот месец полицијата во Берлин извести дека забележале 74 незгоди во кои учествувале електрични скутери три месеци откако се легализирани. Во 65 од случаите била покрената истрага поради сомневање на возење во пијана состојба.

Сподели!
- Advertisement -