Ова се девет највредни луксузни брендови во 2019 година

- Advertisement -

Консултантската куќа Interbrand ја објави листата со најмоќни брендови за 2019 година (2019 Top Global Brands). Листата откри дека втора година по ред луксузот и модата се секторот кој најбрзо се развива и ја надминува дури и технологијата со просечна стапка на раст од 11%.

Утврдено е дека заедничката вредност на топ 9 луксузни модни компании е речиси 117,784 милијарди долари. Најпопуларниот и најмоќен луксузен бренд во светот е Louis Vuitton, со проценета вредност од 32,223 милијарди долари и раст од 14% во однос на минатата година. Покрај него, Gucci е најбрзо растечки луксузен бренд во светот со стапка на раст од 23%.

- Advertisement -

Еве ја листата со брендовите кои доминирале во луксузниот сектор минатата година:

9.Prada – проценетата вредност на брендот е 4.781 милијарди долари. Овој бренд се најде на 100 место на вкупната листа со најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии.

- Advertisement -

8.Burberry – проценетата вреднот на брендот е 5,205 милијарди долари и забележан раст од 4%. Овој бренд се најде на 96. место на листата со најдобри светски брендови за 2019 година во сите индустрии.

7.Tiffany & Co. – го зазеде 94. место на листата со најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии. Има проценета вредност од 5,335 милијарди долари, но и стапка на раст од -5% во споредба со вредноста од 2018 година, кога беше на 83 место од сите светски брендови.

- Advertisement -

6.Dior – Dior, кој годинава е на 82. место од сите светски брендови во сите сектори, има проценета вредност од 6.045 милијарди долари и остварен раст од 16%.

5.Cartier – иако Cartier падна за едно место во вкупниот ранг од 67. во 2018 на 68. место годинава. Проценетата вреднот на компанијата е 8,192 милијарди долари со стапка на раст од 7%.

4.Gucci – 33. највреден бренд во светот во сите сектори и проценета врендост од 15,949 милијарди долари и забележан раст од 23%. Воедно, Gucci е најбрзо растелки луксузен бренд.

3.Hermès – го зазеде 28. место на вкупната листа со највредни брендови во светот со проценета вредност 17,92 милијарди долари со раст од 9%.

2. Chanel – број 22 на ранг-листата со највредни брендови во светот, проценета вредност од 22,134 милијарди долари и раст од 11%.

1.Louis Vuitton – проценетата вредност на брендот е 32,223 милијарди долари со раст од 14%. Поради тоа Louis Vuitton е највредна луксузна марка во светот, а воедно 17. највреден бренд во светот во сите сектори.

Сподели!
- Advertisement -