Пазар3 се претстави во Истанбул пред светски реномираните компании за онлајн огласување

- Advertisement -

Македонска компанија говорник на меѓународна конференција во Истанбул, организирана од ICMA, асоцијација која ги претставува светски реномираните компании од областа на онлајн огласувањето

- Advertisement -

Оперативниот менаџер на Пазар3, Ајлин Шеали на 24ти октомври, 2019 година, во Истанбул, Турција, одржа говор на тема „Како Пазар3 го трансформираше пазарот на онлајн огласувањето, од традиционалниот начин на купување и продавање, во нов дигитален пазар“ во рамки на големата меѓународна конференција организирана од ICMA, the International Classified Marketplace Association (Меѓународна Асоцијација на Класифицирани Пазари), организација која ги претставува светските лидери во индустријата на онлајн огласувањето.

Присуството на Пазар3 на конференцијата, каде што беа претставени најиновативните решенија од областа, беше особено поздравено од организаторот и останатите учесници, затоа што беше единствена компанија од целиот Балкан која активно учествуваше и која успеала да постигне такви резултати во средина во која што е-трговијата дури сега започнува да се развива со брзо темпо.

- Advertisement -

За време на конференцијата во Истанбул, Шеали, се осврна на предизвиците со кои се соочиле во 2006, кога компанијата била основана, во време кога само 29% од населението во Македонија користело Интернет. Неверојатно е, успешно да се издигни една компанија во таков период, особено доколку се напомене фактот дека наспроти тие 29% во Македонија, во другите Европски земји како Шведска тој процент бил 88%, а во Германија 73%.

Зборувајќи за трансформацијата на процесот на купување и продавање во Македонија преку Пазар3, Ајлин Шеали ги сподели 5те клучни фактори за успех на компаниите во оваа област, покрај личните фактори за успех, како што таа вели „Желба за работа, Посветеност и Упорност“!

- Advertisement -

На конференцијата присуствуваа реномирани предавачи и професионалци од компании за класифицирани огласи од Австрија, Швајцарија, Шпанија, Украина, Унгарија, Англија, Турција, Финска, Ангола, Израел и Италија, присутни со цел да разменат мислења за глобалните случувања, најдобрите стратегии како и предизвиците со кои се соочуваат фирмите од таа област.

„Водечките принципи на Пазар3 се Квалитет, Веродостојност и Посветеност“ – вели Ајлин Шеали во своето обраќање.

Оваа конференција беше врна прилика за средба со светски признати имиња во областа на класифицираните огласи, размена на искуства, иновации и унапредување на стандардите во професијата.

Сподели!
- Advertisement -