Податоците како вредност – МАСИТ ја најавува својата 16та годишна конференција.

- Advertisement -

МАСИТ ја најавува својата 16та конференција, која оваа година ја носи темата – DATA AS AN ASSET.

Во рамки на конференциската програма докажани интернационални и домашни говорници меѓу кои претставници од Oracle, Датамастерс, Danfoss, Cognizant Consulting, SAS, Elevate-Global, Asseco SEE, Endava, Semos, Neocom и НБРСМ ќе дискутираат во мултидисциплинарни панели со фокус на следните теми: Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things.

- Advertisement -

Предвидено е на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ научната област медиуми и други.

Конференцијата е организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, поддржана од страна на ИМЕ – Проектот за зголемување на пазарната вработливост финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, a имплементиран од страна на Паладиум. Конференцијата е спонзорирана од Oracle, Asseco SEE & Payten, Datamasters, Neocom, Pixel, Endava, Semos, КБ Прво пензиско друштво, Прокредит Банка,  Poly и Бреинстер.

- Advertisement -

Регистрирањето е преку следнава страна:

http://www.seeita.org.
Сподели!
- Advertisement -