Астрономи ја открија најмалата џуџеста планета во нашиот Сончев систем

- Advertisement -

Сончевиот систем доби нова џуџеста планета откако астрономите прв пат направија фотографија со висока резолуција на астероидот Hygiea и сфатија дека ги има сите потребни карактеристики на џуџеста планета.

Астеторидот е откриен уште во 1849 година, но астрономите досега немаа фотографија од него во висока резолуциј. Сега успеаја да направатѕ таква снимка во опсерваторијата Very Large Telescope во Чиле и стана јасно каков е неговиот облик. Hygiea, всушност, има речиси сферична форма, а строномите претходно неикогаш не го претпоставиле тоа.

- Advertisement -

За едно вселеснко тело да се прогласи за џуџеста планета мора да исполнува четири критериуми: мора да биде во орбитата околу Сонцето, не може да биде сателит на друга планета, не смее да ги собира сите други помали тела во својата орбита и мора да има доволна маса за сопствената гравитација да ја оформи во сфера.

Првите три критериуми Hygiea ги задоволувал и претходно, а од новите фотографии на астероидот се гледа дека го задоволува и четвртиот критериум. Hygiea има дијаметар од нешто повеќе од 430 км, а моментално е најмалото вселенсто тело од овој вид кои досега го пронашле астрономите.

Сподели!
- Advertisement -