Бизнисмените го поздравуваат враќањето на рамниот данок

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Министерството за финансии за одложување на примената на Законот за данок на личен доход, како позитивен пример за земање предвид на барањата на бизнис заедницата.

„Ја поздравуваме одлуката особено зашто таа е резултат на направените анализи и од страна на надлежното Министерство, кои во најголем дел ги потврдија и нашите согледувањата како најстара и најбројна бизнис асоцијација. Остануваме на ставот дека за системски промени со финансиски импликации врз бизнисот, задолжително и континуирано мора да се спроведуваат јавни консултации и дијалог со Комората како застапник на реалниот сектор во државата, во насока на обезбедување поволно деловно опкружување и создавање применлива законска регулатива“, наведува Комората.

Сподели!
- Advertisement -