Студенти од Хонгконг направија рачка за врата која самата се дезинфицира

- Advertisement -


Студентите Сум Минг Вонг и Кин Понг Ли од Универзитетот на Хонгконг дизајнираа рачка за врата која ја користи светлината за постојано да се дезинфицира и стерилизира самата. Мотивирани од епидемијата на акутниот респираторен синдром SARS во 2000-тите години, Сум и Кин ја создадоа нивната поефективна алтернатива за сегашните процеси на чистење со хемикалии.

Рачката е составена од стаклена цевка со алуминиумски капаци на двата краја. Покриена е со фотокаталитички слој составен од минералот наречен титаниум диоксид, кој е сомлен во ситна прашина. Тој тенок слој на стаклото помага да се разложуваат бактериите преку хемиска реакција која се активира со УВ светлина.

- Advertisement -

Рачката се напојува со генератор поставен во неа, кој кинетичката енергија од честото движење на вратата ја претвроа во светлосна енергија за УВ светлото постојано да свети. Овој принцип на стерилизација со светлина е ист како кај шишето за вода, кој содржи УВ светлина во капачето.

Како што објаснуваат Сум и Кин, рачките на вратите во јавни простории се легла на бактерии, особено во тоалетите и оттаму може да се прошират многу болести. Денес луѓето користат хемикалии за чистење во јавни простории, но освен што лесно се чисти така, тоа му наштетува на нашето тело.

- Advertisement -

Нивната иновативна рачка која е убиец на бактерии и вируси уништила 99,8% микроби на последните лабораториски тестирања.

Сподели!
- Advertisement -