Samsung прикажа нов концепт на телефон на преклоп

- Advertisement -

Иако телефоните со екран на преклоп не се појавија со некој бум затоа што во прв план беа проблемите со пукање на екранот и одложување на продажбата, јасно е дека тоа беа само првите чекори и челниците на мобилните компании веруваат дека токму таквиот тип на уреди може да доминираат на пазарот во иднина. Секако, претходно треба да се усоврши технологијата.

Samsung и Huawei се пионери на тој пазар, заедно со не толку познатата кинеска компанија Royole, а слични телеофни подготвуваат и други компании како Motorolа, од кои очекуваме оживување на легендарниот бренд од минатата деценија и претставување на телефонот на преклоп Razоr.

- Advertisement -

На конференцијата за девелопети која се одржа минатата недела Samsung го прикажа новиот концепт на смартфон на преклоп кој го развиваат и кој е сличен на уредот кој треба да го претстави Motorola. Станува збор за телефон кој за разлика од Fold, ќе се превиткува хоризонтално, односно како класичен телефон на преклоп.

На презентацијата од Samsung нагласија дека благодарение на овој нов дизајн, телефонот не само што полесно ќе го собере во џеб, туку и ќе го смени начинот на кој ги користиме телефоните. За жал, од јужнокорејската компанија не објавија повеќе детали за уредот.

Сподели!
- Advertisement -