Тинејџерка измисли систем кој ги отстранува слепите точки на возачите во автомобилот

- Advertisement -


Генијална тинејџерка од САД реши еден од големите проблеми во возењето, а на целата автоиндустрија и покажа дека не е потребно ништо повеќе од идеја и памет. Нејзиното решение е елегантно и за него освои награда од 25.000 долари на локален научен натпревар.

Алејна Гаслер од Пенсилванија, САД, има 14 години, а победи во финалето на тој натпревар со својот проелт наречен „Подобрување на безбедноста во автомобилот со отстранување на слепите точки“.

- Advertisement -

Тинејџерката се одлучила баш за решавање на тој проблем затоа што нивниот семеен автомобил, кој го возела нејзината мајка, има многу широк потпорен столб кој го спојува кровот со остатокот од автомобилот. Нејзината мајка имала проблем слепата точка на десната страна на автомобилот, односно спојот со каросеријата.

Системот кој го осмисли Алејна е таков што поставува камера на кровот од совозачката страна кој снима дел од сообраќајот и аголот од погледот кој за возачот е нецелосен поради наведените проблеми со потпорниот столб.

- Advertisement -

Камерата ја споила со проектор монтиран над главата на возачот и го насочила проекторот токму на тој потпорен столб. Се што гледа камерата проекторот во реално време го прикажува на потпорниот столб и на тој начин исчезнува слепата точка која и пречела на мајка и во возењето.

Но, тоа не е се. Алејна користела посебен материјал кој го одбива светлото на проекторот на тој начин проектираната слика да ја гледа само возачот, а да не му пречи на совозачот. Како функционира тоа можете да видите од видеото во прилог.

Сподели!
- Advertisement -